Патна инфраструктура но и канализација ќе добие викенд-езерската населба покрај езерото Мантово, во општина Конче. На распишаниот тендер на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, струмичката фирма Жикол достави најниска цена од 11 милиони и 781 илјада денари и ја презеде обврската да изведе три улици во ова викенд туристичка населба од кои идената ќе добие и атмосферска канализација.

Станува збор за проектот ,,Подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион преку изградба на патна инфраструктура во Сончевата езерска населба Мантово – општина Конче,,.За овој проект  градоначалниците од десетте општини од Југоисточниот плански регион едногласно  се сложија да биде приоритетен за ова година.

На Мантово ќе се гради Улица бр.3 која ќе има и атмосферска канализација за кои се предвидени околу 10 милиони и 800 илјади денари додека со останатите средства се планира да се работии на Улица бр. 2 и Улица бр. 8

Со подобрувањето на патната прежа ќе се олесни пристапот  до оваа туристичка дестинација во подем , но и ќе се искористат потенцијалите што ги нуди ова езеро. Планирано е тука, да се даде можност за изградба на викендички но и атрактивни угостителски и сместувачки капацитети.