Селото Козјак за прв пат добива канализација.Парите се обезбедени од Европската инвестициона банка, преку Министерството за транспорт и врски, кој и го распиша тендерот што ќе трае до 15 мај, информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.

,,Станува збор за канализација со пречистителна станица за 70 домаќинства.Немало до сега канализација во оваа село“, вели Насев.

За изградба на канализацијата во оваа село обезбедени се 13.400 000 денари.

Со реализација на овој проект ќе се реши проблемот со одведување и прочистување на отпадните води на 70 домаќинства од село Козјак.