За една година долгот од 18 милиони денари на Ј.П Плачковица,општина Карбинци е намален за еден милион денари. Тоа се должи на зголемената наплата на водата ,вели директорот на оваа Јавно претпријатие, Ѓорги Јанков.

“Од 18-те милиони долг,13,5 милиони Ј.П должи кон ЕВН, 3,5 милиони кон ЕЛЕМ и останатите се повеќе за неисплатени придонеси. Во текот на изминатите седум месеци вративме 1 милион денари, главно од собраните средства со наплата за вода  од физички и правни лица. Во моментов кога дојдов на функцијата наплатата беше 56%,сега  е 72,5 %. За овие месеци наплатата е зголемена за 16%,“тврди Јанков.

Зголемената наплата, вели Јанков се должи на кампањата на претпријатието и укажувањето до должниците од неопходноста на наплата и од придобивките и што тие ќе значат во подобрувањето на водоснабдувањето, но и се испраќаат и тужби до физичките лица.

“Пред почетокот на летниот период поставивме водоводна линија од 400 метри ф-63 со што поврзавме 11 семејства во село Радање, 400 метри  се поставени и во Индустрискиот дел во село Таринци, постоа поставена е и 281 метар канализациска мрежа во село Карбинци со што се поврзуваат 11 куќи. „вели директорот на Ј.П Ѓорги Јанков

Ј.Претпријатие Плачковица има 13 водоснабдителни системи во 15 населени места,12 бунари и 5 извори. Директорот тврди дека водата е исправна и редовно, месечно се вршеле контроли во Центарот за јавно здравје во Штип.

Во Советото на општина Карбинци на првата наредна седница на дневен ред треба да се најде и усвојувањето на новата цена на водата што општината ја доби од РКЕ.