Советниците во советот на општина Карбинци, едногласно донесоа одлука да се откажат од паушалите за следните две седници.

Иницијативата ја поднесе претседателот на Советот Мики Манев од името на советничката група на СДСМ.

„Оваа одлука се однесува на сите членови на советот кои што се во работен однос, но не и за советниците кои што се невработени. Средствата ќе бидат уплатени на посебна сметка  и ќе бидат строго насочени за справување со кризата со короновирусот. За потрошените средства и наменат за кои што се потрошени општината ќе достави извештај до Советот“, изјави манев

Советниците упатија апел до жителите да се придржуваат на препораките на Владата и да останат во своите домови.