Во овој „Неделен бриф“ на Радио Мрежа Канал 77, се фокусираме на дел од најважните активности во македонските општини.

Свети Николе има намера да им го олесни патот до успехот на локалните бизниси. Штип му се оддолжува на првиот македонски Претседател Киро Глигоров.

Рударска Македонска Каменица мисли на пензионерските денови на своите  рудари и очекува намалување на старосната граница за пензионирање.

Се бараат нови ѕвездички кои ќе блеснат под светиниколското небо, а во штипско Пиперово денеска се слави стапување во брак, на традиционален македонски начин.