Вкупно 1160 првачиња во Куамново за прв пат седнаа во училишните клупи. Први добредојде им посакаа нивните постари сооученици организирајќи им распеана и разиграна програма.Веднаш по тоа ја фатија сигурната рака на своите нови наставнички кои што ќе ги водат  низ лавиринтите на нивното образование и воспитување. Првачињата на нивниот прв училишен ден ги поздрави и првиот човек  на општина Куманово, Максим Димитриевски.,кој ним и на нивните родители им вето дека оваа општинско раководство ќе вложи  максимум  за да ги подобри  работните услови во градот и во општината.

,,Заложбата на оваа општинско раководство ќе биде да се внесе нова енергија  и нови инвестиции во општинските образовни институции.работата на професорите е да ги воспитуваат и образуваат вашите деца,но основната едукација доаѓа од дома од кај нас,од родителите,,.-рече Димитриевски.

Тој  апелираше  до родителите да посветат повеќе време на своите деца, во делот  на елементарната едукација.

,,Да им оставиме повеќе простор во сообраќајот на нашите деца, за да можат безбедно да стигнат во училиште.велат дека возилата се паркирани неправилно.Неправилно се паркирани затоа што некој од нас неправилно ги паркирал.Затоа во соработка со МВР ќе спроведеме кампања, да се обидеме да ги тргнеме возилата од тротоарите и да им ги оставиме на нашите најмили,,-додаде Димитриевски.

,По повод почетокот на учебната година  кумановскиот градоначалник подели пакети со училишен прибор на деца од три социјално загрозени семејства од населбата  Средорек.

-Посетивме неколку семејства и дадовме скромна помош на најмладите членови  на тешко загрозените социјални семејства.,,рече Димитриевски

Во општина Куманово, оваа година средно образование тргнаа вкупно 1270 ученика.