Над 300 дрвца ќе бидат засадени деновиве во Македонска Каменица, во рамките на есенската акција на засадување декоративни садници. Акцијата „Засади Дрво“. Акцијата ја започнаа најмладите каменичани – учениците од двете општински училишта и дечињата од детската градинка „Бамби“. Акцијата започна вчера, продолжи и денеска во дворовите од училиштата, односно детската градинка „Бамби“ каде дечињата и учениците помогнати од наставниците и вработените во установите засадија 56 од вкупо предвидените 300 дрвца.

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со учество и на останатите установи и институции во општина Македонска Каменица, со цел дополнително разубавување на централното градско подрачје со нови декоративни листопадни и зимзелени дрвја.

Во денешната акција „Засади Дрво“ учествуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која одговори на предизвикот за засадување на дрвца упатен од градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Акцијата во наредниот период, како и денес, ќе се одвива со поддршка од вработените во ЈП „Камена Река“  од Македонска Каменица.