Пролетното чистење неделава на населените места од општината Конче. Вработените од локалната самоуправа заедно со вработени од Јавното комунално претпријатие Лакавица од Конче чистеа отпад во населеното место Габревци.

Собрани се околу 50 тина вреќи отпад. Од општината велат дека вакви акции се планирани и во наредниот период и има за цел да се исчисти отпадот во населените места кој е на јавните површини, но и да се потикне месното население да се вклучи во ваквите еколошки акции.

“Ќе продолжиме и понатаму со вакви акции и се надеваме дека ќе успееме да ги поттикнеме нашите сограѓани да ни се приклучат во истите. Од една страна ќе чистиме а од друга страна се надевам дека ќе ја подигнеме јавната свест за здрава и чиста околина за сите нас. Пораката е јасна – да не се фрла отпад било каде, бидејки ние живееме тука. Наш е изборот дали ќе живееме во ѓубре или во чиста средина. Нула толеранција за отпадот” – вели градоначалникот на Конче Благој Илиев .

Минатиот викенд млади момчиња од населеното место Дедино во рамките на светскиот тренд “Прифати го предизвикот, исчисти локално!” го чистеа населеното место и собраа 20 вреќи отпад. Ги предизвикаа останатите од општината но и од државата да помислат за животната средина и да се вклучат во чистењето отпад во својата средина.