На работилница во Стопанската комора на Македонија, беа презентирани техничката и тендерската документација за јавното улично осветлување изготвени од страна на пилот-општините, меѓу кои и Општина Македонска Каменица.

-Наша цел со реализацијата на овој проект е заштеда на трошоците, подобра услуга за граѓаните и борба против климатските промени. По истекот на договорот, опремата и целокупната заштеда на енергија останува во сопственост на крајниот корисник, во овој случај нашата општина. Проектот предвидува поставување на енергетски-ефикасно јавно улично осветлување во само неколку општини, меѓу кои се наоѓа и општина Македонска Каменица“, соопштија од општина Македонска Каменица.

Основните начела на тнр.ЕСКО модел, подразбира договорот за енергетски услуги што согласно подзаконските акти што се подготвува, ќе мора да се потпише меѓу давателот и корисникот. Постапктаа за јавно-приватно партнерство за објавување на тендерската документација е од страна на општините.

Техничка и тендерска документација за јавно улично осветлување покрај четирите останати општини учесници на работилницата, во Стопанската комора беше презентирана од претставници на општина Македонска Каменица.