Македонска Каменица во интензивна кампања на чистење патишта и базени

Над 160 километри земјени локални патишта во селските локални патишта во Општината Македонска Каменица, се исчистени во изминатиот период. Поголем број од овие селски патишта, поради временските неприлики, според потребите пред се на жителите во селските средини од разбиен тип, се прочистуваа и во повеќе наврати.
До сега целосно се завршени планираните активности во село Саса, до маало Ристовци, Сарафско маало, Аризанци, Мечкаре и Мршавелци,. Продолжува прочистувањето на локалните патишта во село Цера, до маало Станчовци и маало Стамболии. Изминатата недела комплетно е завршено со прочистување на селските пристапни патишта во селата Тодоровци, Костин Дол, Луковица и Косевица, како и во делот на Стара Каменица и Грчко маало.
-Активностите на општина Македонска Каменица околу чистење и одржување на селските пристапни патишта, како редовна пракса ќе продолжат и во следниот период. За разлика од минатите години, оваа година на критичните ерозивни места се поставуваат одводни цевки, кои значително треба да го намалат оштетувањето на локалните земјени пристапни патишта во селските средини, изјави градоначалничката на Општината Македонска Каменица, Соња Стаменковска. Заради специфичниот, пред се ридско-планински релјеф на општина Македонска Каменица и селски средини од разбиен тип, потребата од вакви интервентни активности на терен е постојана. Општина Македонска Каменица во рамки на своите овластувања и ЈП Камена Река како изведувач на работите, остануваат во служба на жителите од Општината. Останува повикот до граѓаните за пријавуват потреби од интервенции потреба поврзани со патната инфраструктура. Општината најавува дека секој пријавен проблем ќе биде навремено решени.

Покрај прочистувањето на патиштата, Општина Македонска Каменица и Јавното претпријатие Камена Река како изведувач на работите, започнаа  и со чистење на сите постоечки извори, водоводни линии и базени на вода за пиење.
Веќе се започна со целосно испуштање и темелно чистење на базенот во Стара Каменица, а по завршување на овие активности, ќе следува поставување на нови филтер слоеви, осигурување на зафатите и базените за вода и поставување на автоматски хлоринатори. Со превидените активности на општина Македонска Каменица, покрај главната градска водоводна мрежа, ќе бидат опфатени и сите постоечки водоводни линии од јавен карактер во селските средини.