По нежните звуци на тамбурите,утре (5 септември) на плоштадот во Куманово ќе одекнат звуците на тамбурите.

Осум трубачки оркестри ќе настапат на дувачките средби, а ѕвезди на вечерта ќе бидат Ристе Ристевски ,учесник на Гранд ѕвезди и  пејачката Стојне Николова.Таа  ќе ја отпее химната на Ромите „Џелем, џелем“. Концерт ќе одржи Џамбо Агушев.

Организатор на манифестацијата е Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“. Фестивалот се одржува една вечер, и ќе биде од ревијален карактер,вели  Самет Салиевски, уметнички директор на фестивалот.

– Како секоја година, така и оваа по 13 пат Куманово е домаќин на „Рома-труба фест“. Ќе учествуваат најдобрите оркестри од регионот и тоа: „Кемал Асанов“ од Струмица, Ферус Мустафов -Кинг од Куманово, „Кристијан Трајковиќ“, „Исидор Зечевиќ“,„Владимир Ивановиќ“, „Елвис Дејвид Бајрамовиќ“ и „Мартин Салијевиќ“, сите од Србија. Специјални гости ќе бидат Ферус Мустафов и Тони Димитриовски од Австралија, кој за првпат ќе настапи во Куманово, а се работи за многу квалитетен трубач со освоени голем број на награди. Секој оркестар ќе има од 20 до 30 минути програма пред публиката. Имаме квалитена програма, и на љубителите на блех музиката ќе им понудиме добра забава, затоа ги повикувам граѓаните да дојдат во што поголем број, – изјави  Салиевски

Тој  најавува дека догодина, на прославата на 500 години Куманово, фестивалот ќе трае неколку дена, со многу придружни манифестации.

Рома- труба фест се одржува со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура.