Додека Куманово се „топеше” на пеколните температури, кумановскиот планинар Томислав Јовановски на 22 степени под нулата го освојуваше Елбрус, врвот на Европа на руско-грузиската граница.

Јовановски на оваа експедиција тргнал со уште тројца планинари од Скопје, а во организација на Планинарското друштво Предјане од Србија.