Од 21 март до 23 април јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица ја спроведуваат традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места, а која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“.

Според директорот на „Комуналец“, Зоран Горгиев, целта на акцијата која што се реализираше и во изминатите години е да се задржи епитетот кој што го има општина Струмица за чиста средина и раззеленета општина. Во акцијата ќе се врши и чистење на дивите депонии во градот и населените места. на Акцијата утре на 26 март, започнува од населбите Карпош и Чифлик.

Се повикуваат сите граѓани од овој дел на градот да учествуваат во акцијата во која јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ќе работи на генерално чистење како на сите улици и уредување на зелените површини, а граѓаните ќе треба само својот отпад од подрумските простории, дворните места и стариот мебел што го имаат да го извадат пред своите куќни места и да се јават на телефонскиот број 034 325 909 и веднаш уште истиот ден отпадот ќе биде подигнат.