Еднонасочен сообраќај на дел од виничките улици Бел Камен и Тошо Арсов

Со одлука на Советот на Општината Виница, од 10 јули е променет режимот на сообраќај на дел од улиците Бел Камен и Тошо Арсов.

Сообраќајот на овие улици ќе се одвива во една насока, а за тоа е поствена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат новиот еднонасочен режим.