Свечен почеток на учебната 2018/2019 година
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска ќе присуствува на свечената манифестација по повод почетокот на новата учебна година во ООУ „Димитар Влахов“ со почеток во 09:00 часот. На скромната свеченост ќе биде извршен прием на првачињата во ова основно училиште. За сите првачиња во општинските основни училишта, Општина Штип оваа година обезбеди маици.

 

Асфалтирање на улицата „Иво Лола Рибар“
Градежната офанзива во Штип продолжува. Вчера се асфалтираше улицата „Иво Лола Рибар“, којашто е една од повеќето улици опфатени во тековните инфраструктурни проекти и инфраструктурниот подем којшто го доживува Општина Штип.

Асфалтирањето на оваа улица веќе десетина години е повеќе од потребно, бидејќи улицава се наоѓа во навистина очајна состојба, а по неа секојдневно транзитираат граѓаните од сите делови на градот, имајќи предвид дека токму оваа улица е витална во сообраќајниот крвоток на градот.

„Денеска сме во централното градско подрачје на улицата „Иво Лола Рибар“ каде асфалтираме 1200 метри квадратни нова асфалтна површина, што значи дека одиме со реконструкција на постоечката улица во овој дел од градот. Оваа инвестиција изнесува околу 360.000 денари. Градежната офанзива продолжува и во наредните денови ќе продолжиме со улицата „Петта Партиска Конференција“, каде денеска започнуваат градежните активности, а со асфалтирање и обнова ќе продолжиме и на други улици во градот,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Освен улицата „Иво Лола Рибар“, во периодот кој претстои ќе бидат рехабилитирани и улиците „Петта Партиска Конференција“ и „Ѓорги Петров“ во населбата Сењак, се бетонира крак на „Радански Пат“, се бетонира и крак на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, а веќе заврши санацијата и рехабилитацијата на улицата „Крушевска Република“ во населба Баби, каде како дополнителна активност, а на барање на тамошни жители, бетониравме и еден крак од улицата „Никола Коперник“.

Парите на граѓаните ги насочуваме кон вистинските цели, а Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Продолжуваме да се движиме во иста насока со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип.

Единаесетта седница на Совет на Општина Штип
Денеска, 31.08.2018 г., ќе се одржи единаесеттата седница на Совет на Општина Штип во голема сала на Совет на Општина Штип со почеток во 10:00 часот.

Дневни активности на јавни претпријатија
ЈП „Стипион“ денеска ќе ги изведува следните активности:

  • Реконструкција на тротоари околу платформа за паркирање
  • Чистење канал во населба Балканска
  • Бетонирање потпорен ѕид на игралиште во Блок 70
  • Обележување хоризонтална патна сигнализација
  • Замена на улични светилки во градот