Присуство на деловна средба на компаниите од Регионалната комора со седиште во Штип и Битола.

Денеска, 28.03.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе присуствува на деловната средба на компаниите од регионалната комора со седиште во Штип и Битола, која ќе се одржи во хотел „Оаза“ со почеток во 12:00 часот.

ВЧЕРА (27.03.2018)

Регионална дебатаа воспоставување заштитени подрачја во сливот на река Брегалница
Вчера, 27.03.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на регионална дебатаа воспоставување заштитени подрачја во сливот на река Брегалница. Дебатата беше во заедничка организација на Центарот за развој на Источен плански регион, Националниот координатор Фармахем од Скопје и Македонското еколошко друштво. Дебатата се одржи во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип со почеток во 11:00 ч.

Свечена академија по повод патрониот празник на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
Вчера Универзитетот „Гоце Делчев“ го прослави денот на основањето – 27 март, како свој патронен празник. По тој повод, се одржаа низа настани, а програмата вклучи и свечена академија во Мултимедијален центар на УГД со почеток во 12:00 ч.