Изјава за медиуми поврзана со асфалтирањето на улица „Иво Лола Рибар“
Денеска консултантката за комуникации, Кристина Костова, ќе даде изјава за медиуми поврзана со асфалтирањето на улица „Иво Лола Рибар“ со почеток во 10:00 часот во сала 2.

Изјава за медиуми во врска со бетонирање крак од улица „Косовска“
Денеска ќе започне бетонирањето крак на улицата „Косовска“, за што е предвидена изјава за медиуми со почеток во 13:00 часот, кај бањата Черења од десната страна.

Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
Вчера се одржа тринаесеттата седница на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина. Вчера исто така се одржа тринаесеттата седница на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.

Седница на Комисија за образование
Денеска ќе се одржи четвртата седница на Комисија за образование при Совет на Општина Штип во сала 2 со почеток во 09:30 часот.

Седница на Комисија за статут и прописи
Денеска ќе се одржи четвртата седница на Комисија за статут и прописи при Совет на Општина Штип во сала 2 со почеток во 10:30 часот.

Дневни активности на јавни претпријатија
ЈП „Стипион 2011“ денеска ќе ги извршува следните активности:

  • Бетонирање на крак на радански пат
  • Реконструкција на тротоар на ул. „Тодор Коларов“
  • Обележување хоризонтална патна сигнализација во град Штип
  • Замена на улични светилки во град Штип