Честитка по повод Курбан Бајрам
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, во која се вели:

„Дозволете ми во мое лично име и во име на Општина Штип, на сите Вам сограѓани од Исламската верска заедница во Република Македонија да Ви ги упатам искрени честитки по повод големиот верски празник Курбан Бајрам и воедно да Ви посакам добро здравје и многу успеси. Празничните мигови нека донесат мир , почитување, благосостојба и сите заедно да чекорими по патот на вистинските вредности. Заеднички да ги славиме и негуваме меѓусебната толеранција, солидарност и почит како темели за напредокот на нашата држава и сите нејзини граѓани. Во оваа прилика уште еднаш да посакам мир и љубов, на сите Вам наши сограѓани. Овој голем празник да го поминете во кругот на семејството во добро празнично расположение,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

 

Комисија за еднакви можности
Вчера, 20.08.2018 г., се одржа четвртата седница на Комисија за еднакви можности со почеток од 10:30 часот во сала 2 во Општина Штип.

 

 

Дневни активности на јавни претпријатија

ЈП „Исар“  ќе ги извршува следниве работни задачи:

  • РЕ Водовод и Канализација:
  • Санирање на дефект на водоводна линија кај: ул. Сутјеска, населба Железничка, кај објект Луна Комерц
  • Приклучок на водоводна линија и фекална канализација на улица Марко Цепенков
  • Изведба на фекална канализација во населба Суитлак
  • Бетонирање на корито во река Отиња
  • РЕ Паркови и зеленило:
  • Косење зелени површини покрај ОУ „Славејко Арсов“
  • Косење на зелени површини покрај пешачка патека

Косење на зелени површини на стадиони во населба Баби и Суитлак