Комисија за еднакви можности
Денеска, 20.08.2018 г., ќе се одржи четвртата седница на Комисија за еднакви можности со почеток од 10:30 часот во сала 2 во Општина Штип.

 

 

Ден на загинување на народниот херој Славчо Стојменски
Во петок, 17.08.2018 г., делегација од Општина Штип, предводена од градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски положи цвеќе кај споменикот на алеа на народните херои по повод денот на загинување на народниот херој Славчо Стојменски.

 

Ден на АРМ
Во петок, 17.08.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на свеченоста по повод Ден на Армијата на Република Македонија во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Исто така градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упати честитка до припадниците на АРМ и на граѓаните на Република Македонија, во која се вели:

„Во мое лично име и во име на Општина Штип го честитам денот на Армијата на Република Македонија. Денес Република Македонија минува низ процес на напредок и промени. Процес што значи темелно и суштински подобрување на работата на институциите во државата. Денес се наоѓаме пред портите на ЕУ и НАТО, земја пријател и партнер со своите соседи. Денес сме пред донесување на голема и сериозна одлука, да се биде или не. За сите овие успеси, меѓу другите и вие како припадници на воените сили на Републик Македонија сте не помалку заслужни. Вие сте првата борбена линија на татковината не само од надворешни опасности туку и при природни катастрофи и непогоди и тоа граѓаните добро го препознаваат и почитуваат. Процесот на реформи низ кој минува нашата држава, мора да обезбеди подобро функционирање на АРМ, па затоа иднината на Република Македонија е во полноправната интеграција во ЕУ и НАТО. За крај да ви посакам бројни успеси во иднина и заеднички да ги оствариме заложбите за подобро општество и интегрирање на Македонија во евро-атланските структури. Однапред ви благодарам на професионалноста,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад кај пензионерски дом
– Реконструкција на тротоар на ул. „Тодор Коларов“
– Изградба на игралиште во Блок 70
– Замена на улични светилки во градот