Свечено отворање спомен соба на првиот претседател на РМ, Киро Глигоров
Денеска, 18.07.2018 г., ќе се случи свечено отворање на спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, нашиот сограѓанин, претседателот Киро Глигоров.
Свеченото отворање ќе се одржи во општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во населба Суитлак, со почеток во 12:00 часот.
Програмата за свеченото отворање е со следниот редослед:
– Обраќање на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски
– Обраќање на претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев
– Проекција на краток биографски филм за претседателот Киро Глигоров
– Отворање на спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров
– Разгледување на изложба на фотографии „Киро Глигоров“.
На свеченото отворање ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, како и претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев, повеќе министри и заменици-министри од Владата на Република Македонија, градоначалници од регионот и пошироко, како и семејството на претседателот Глигоров и негови блиски соработници.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Реконструкција на мал плоштад пред пензионерски дом
– Тампонирање на улица во населба Железничка
– Санирање ограда на игралиште во Пребег
– Замена на улични светилки во градот
– Обележување хоризонтална патна сигнализација