Активности по повод денот на пожарникарството
Денеска учениците од ООУ „Ванчо Прќе“ од Општина Штип ќе ја посетат Територијалната противпожарна единица во Штип по повод денот на пожарникарството. Пред учениците ќе биде претставена професионалната противпожарна единица со нејзината целокупна опрема. И денешната активност е дел од деновите на пожарникарството кои ТППЕ Штип ги одбележува преку петнаесетдневни активности, а со цел да се влијае врз издигнувањето на свеста од потребата за заедничка грижа и заштита од пожари.

Јавен настан „Слобода на интернет“
Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис денеска организира јавен настан за размена на знаења и искуства „Слобода на интернет“, што ќе се одржи на Правен факултет при УГД, во свечена сала со почеток во 12:00 часот. Настанот ќе биде посветен на претставување на прелиминарните извештаи од проектот „Слобода на интернет“ поврзани со заштита на човековите права, како и претставувањена резултатите од мерењата за отвореноста на институциите од проектот „Мрежа за отчетност, технологија и институционална отвореност во ЈИЕ“.

Младинска конференција
Денеска во Штип, во рамки на локалната иницијатива дел од грантот „Активни граѓани за добро владеење“, кој го спроведува Форум ЦСИД, финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, ќе се одржи младинска конференција за механизми за младинско учество во донесување на одлуки и креирање политики на локално ниво.
Младинската конференција ќе се одржи со почеток во 12:30 часот во хотел „Оаза“ во Штип.

Присуство на свечено отворање на Европско првенство во борење – кадети
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на свеченото отворање на Европското првенство во борење – кадети, коешто се одржува во СРЦ „Кале“ во Скопје.

 

Промотивен и информативен настан во рамки на проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво“
Вчера во Универзитетски ресторан Штип часот се случи промотивен и информативен настан во рамките на проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво“ финансиран од Европската Унија преку секторот за Централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) – Министерство за финансии на Република Македонија.

Информативна сесија за отворен Јавен повик за поднесување предлог проекти во рамки на Столб 3 од План за економски раст на Влада на РМ
Вчера Регионалната комора со седиште во Штип во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираа информативна сесија за отворениот Јавен повик за поднесување предлог- проекти во рамките на Столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Крпење ударни дупки на Радански пат
– Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и изградба на атмосферска канализација
– Обележување хоризонтална патна сигнализација во централното подрачје
– Замена на улични светилки во населба Автокоманда

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе работи на санирање на дефект на водоводна линија на улица „Коле Неделков“, во населба Железничка, санирање дефект на водоводна линија и санирање дефект на канализациона линија во населба Стар Караорман, изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населбите Балканска, Македонка и Чардаклија, санирање површини после дефекти на улица „Петти Конгрес“ и улица „Солидарност“.
РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги коси зелените површини покрај црквата „Свети Спас“, покрај детското игралиште на улица „Петти Конгрес“, покрај детско игралиште во населба Сењак 4, кај библиотеката „Гоце Делчев“, во населбите Балканска и Македонка и во околина на градските гробишта.