Свечено отворање на Балканскиот шампионат во Бич Волеј
Денеска,13.07.2018 г., со почеток во 20:00 часот во дворот на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ ќе се случи свеченото отворање на Балканскиот пампионат во Бич Волеј за одбојкари до 22 години. На свеченото отворање ќе присуствуваат претставници на Одбојкарската Федерација на Македонија, како и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Општина Штип е со-организатор на овој настан, којшто во Штип ќе се случува на 13, 14 и 15 јули.

Во продолжение е распоредот на натпреварите

ЖЕНИ

ДАТУМ НАТ-

ПРЕ-

ВАР БР.

ВРЕМЕ Екипа Екипа
13.07. 01-W 11:30 MKD1 (A1) A2
13.07. 02-W 12:15 MDA1 (B1) B2
13.07. 03-W 13:00 KOS1 (C1) C2
13.07. 04-W 13:45 BIH (D1) D2
13.07. 05-W 19:00 A2 A3
13.07. 06-W 19:45 B2 B3
13.07. 07-W 20:30 C2 C3
13.07. 08-W 21:15 D2 D3
14.07. 09-W 11:30 MKD1 (A1) A3
14.07. 10-W 12:15 MDA1 (B1) B3
14.07. 11-W 13:00 KOS1 (C1) C3
14.07. 12-W 13:45 BIH (D1) D3
14.07. 13-W 17:30 WINNER A
14.07. 14-W 18:15 WINNER B
14.07. 15-W 19:00 WINNER C
14.07. 16-W 19:45 WINNER D

 

МАЖИ

ДАТУМ НАТПРЕВАР БР. ВРЕМЕ Екипа Екипа
13.07. 01-M 8:30 BUL1 (B1) B4
13.07. 02-M 9:15 B2 B3
13.07. 03-M 10:00 MKD1 (A1) A2
13.07. 04-M 10:45 A3 A4
13.07. 05-M 16:00 BUL1 (B1) B3
13.07. 06-M 16:45 B4 B5
13.07. 07-M 17:30 MKD1 (A1) A3
13.07. 08-M 18:15 A2 A4
14.07. 09-M 8:30 B5 B3
14.07. 10-M 9:15 B1 B2
14.07. 11-M 10:00 A1 A4
14.07. 12-M 10:45 A2 A3
14.07. 13-M 16:00 B2 B5
14.07. 14-M 16:45 B3 B4
14.07. 15-M 20:30 B2 B4
14.07. 16-M 21:15 B1 B5

 

Настани во рамки на Штипско културно лето
Денеска, 13 јули (петок), во УГ „Безистен“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт Музичка разгледница Trio Grazioso.

 

 

Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ
Македонија започнува нова приказна – добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот.

Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина!

Ве покануваме оваа сабота, на 14 јули, да се обединиме и заедно да го прославиме историскиот успех на Македонија.

Голема граѓанска прослава во 15 градови ширум земјата заедно со преку 40 домашни артисти и музичари.

Прославата во Штип ќе се одржи на плоштадот „Слобода“ со почеток во 21 часот. На прославата ќе настапат изведувачите ДНК и Елена Ристеска.

Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!

Шеста седница на УО на ЗЕЛС
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на шестата седница на Управен Одбор на ЗЕЛС, којашто се одржа во просториите на ЗЕЛС со почеток во 12:00 часот.

 

Ждрепка за Балканското првенство во одбојка на песок
Вчера во 20:00 часот во хотел „Оаза“ започна ждрепката за извлекување на групите за Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 21 година, кое ќе се одржува на 13, 14 и 15 јули во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. На ждрепката за извлекување на групите присуствуваа претставници од Одбојкарската Федерација на Република Македонија, меѓу кои и претседателот на Федерацијата, Зоран Карановиќ, како и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Седница на Совет на Општина Штип
Денеска, 13.07.2018 г. ќе се одржи десеттата седница на Совет на Општина Штип во голема сала на Совет на Општина Штип со почеток во 10:00 часот.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад (Пензионерски дом)
– Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и поставување атмосферска канализација
– Санирање ограда на игралиште во населба Пребег
– Замена на улични светилки во градот
– Обележување хоризонтална патна сигнализација