Информативен настан за програма за финансиска поддршка на рурален развој за 2018 година
Денеска, 14.06.2018 г., во голема сала на Општина Штип ќе се одржи информативен настан за програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Настанот е во организација на Центар за развој на источен плански регион и Бизнис центар за поддршка на консултативни услуги за МСП во ИПР. Пристигнувањето и регистрацијата на учесниците ќе трае од 10:30 до 11:00 часот. Настанот ќе биде отворен со поздравен говор од страна на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со почеток во 11:00 часот.

Средба во урбана заедница Автокоманда
Попладнево со почеток во 18:30 часот градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе оствари средба со граѓани во рамки на урбаната заедница Автокоманда.

Урбаните заедници се повторно во функција. Ваквиот начин на организирање на локално ниво овозможува демократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси.

Информативна сесија за грантови од проектот КриТинк
Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии ги покануваат локалните граѓански организации и медиуми од Источниот плански регион на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија. Информативната сесија ќе се одржи на 14 јуни 2018 г. (четврток) со почеток во 12:00 часот, во хотел „Оаза“, Штип.

Свечено доделување благодарници, значки и признанија за јубилејни крводарувања
Денеска попладне во Дом на млади со почеток во 19:00 часот ОО Црвен крст Штип по повод 14 јуни – Светски ден на крводарителството, организира свечено доделување благодарници, значки и признанија за јубилејни крводарувања.

Увид во градежни активности кај паркинг платформа
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ. На средбата градоначалникот Бочварски и амбасадорката Дивјак-Томиќ разговараа за продлабочување на веќепостоечката соработка помеѓу двете пријателски земји, со акцент на соработка којашто ја вклучува Општина Штип.

Со амбасадорката Дивјак-Томиќ дискутиравма за конкретни прашања во делот на економската соработка. За прв пат остваруваме среба преку која се запознаваме и ги поставуваме контурите на идната соработка. Зборувавме за тоа каде можеме да си помагаме, каде можеме да соработуваме ние како Општина Штип со општините од Србија. Јас ја информирав амбасадорката дека веќе остварив една средба во Општина Параќин, каде се сретнав со градоначалникот и разговаравме за идна соработка. Денеска отворивме и многу други теми во однос на развојот и напредокот на соработката на двата народи, бидејќи знаеме дека сме блиски и пријателски народи и тоа треба дополнително да го продлабочуваме преку економска соработка. Целта е да имаме поголема соработка и поквалитетен живот за нашите сограѓани,“ информираше градоначалникот Бочварски.

Српската амбасадорка Дивјак-Томиќ ги повтори заложбите за продлабочување на македонско-српската соработка во секој аспект, што е и одраз на долгогодишното македонско-српско пријателство.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

– Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Замена на улични светилки
– Обележување хоризонтална патна сигнализација
– Реконструкција на шахта на атмосферска канализација на Булевар „ЈНА“

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности:

  • Санирање дефект на водоводна линија на улиците „Скопска“ и „Крсте Мисирков“ и кај градски базен
  • Санирање површини на улиците „Драмска“ и „Скоевска“
  • Поставување канализациона линија во населба Суитлак
  • Канализација – разни локации во градот

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:

– Kосење трева низ населбата Три Чешми и Осми Ноември
– Косење трева во паркови во населбите Баби и Дузлак
– Косење на покрај Булевар „Гоце Делчев“
– Косење трева низ централно градско подрачје
– Косење трева покрај Булевар „Партизанска“
– Садење цветен насад во корито на река Отиња кај Општина Штип