Свечена седница по повод Светски ден на здравјето
Денеска во големата сала на Општина Штип со почеток во 13:00 ч. во организација на Клиничка болница – Штип ќе се одржи свечена седница по повод Светскиот ден на здравјето

Присуство на прогласување и промоција на најпријателски градоначалници за Ромите во Брисел
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, како добитник на наградата „Најпријателски Ромски градоначалник“, на 09.04.2018 г. присуствуваше на прогласувањето и промоцијата на градоначалниците во Брисел во Европскиот Парламент за време на Ромската недела, која се одржува од 8 до 12 април низ институциите во главниот град на Белгија.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска тимови на РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе извршуваат санирање дефект на водоводни линии на ул. „Стојан Гогов“, ул. „25 Мај“, населба Горна Железничка“ и др.
Тимови на РЕ Комунална хигиена при ЈП „Исар“ ќе ја чистат дивата депонија околу населба Света Недела и патот кон село Шашаварлија, како и изнесување смет од реоните предвидени според програмата на работа. Тимови на РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ денеска ќе извршат косење трева покрај Булевар „Гоце Делчев“ и кружниот тек кај Железничка, косење трева на Булевар „Партизанска“, работа низ УЗ Сењак, како и косење трева кај детското игралиште на ул. „Четврти јули“ и детското игралиште на ул. „Широк дол“.
Денеска екипите на ЈП „Стипион 2011“ ќе вршат реконструкција на крстосницата кај угостителскиот објект „Мал Одмор“.

Тридневна активност во УЗ Сењак
Урбаната заедница Сењак во соработка со ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“ организира тридневна активност од 10.04.2018 г. до 12.04.2018 г., односно од вторник до четврток, којашто ќе се состои од:
– Отстранување стари дрвја опасни по имотот и безбедноста и животот на граѓаните
– Чистење смет
– Транспортирање стари предмети од домаќинствата
– Обележување хоризонтална патна сигнализација
– Поправка на улично осветлување
– Чистење диви депонии.
Ги повикуваме жителите на оваа населба да земат активно учество во акциите за уредување на животната средина. За таа цел задолжително е жителите од 10.04.2018 г. до 12.04.2018 г. (од вторник до четврток) да ги отстранат своите возила од улица „Сајбие Демир“ поради сечење на големите тополи.