Завршна приредба на основни училишта „Го славиме успехот“

Денеска во Дом на млади со почеток во 18:30 часот ќе се одржи настан по повод крајот на учебната 2017/2018 година. На овој пригоден настан ќе настапат ученици од сите основни училишта од Штип.

На настанот ќе присуствува градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој ќе им додели признанија на учениците кои освоиле награди на државни натпревари и на нивните ментори.

Средба во урбана заедница Баби

Вечерва со почеток во 19:30 часот градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе оствари средба со граѓани во рамки на урбаната заедница Баби.

Урбаните заедници повторно ќе бидат ставени во функција. Ваквиот начин на организирање на локално ниво овозможува демократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси.

Промоција на спортски активности во населба Баби

Вечерва со почеток во 20:30 часот во спортската сала во ООУ „Славејко Арсов“ ќе биде промовиран борачкиот клуб „Олимпија“. На промоцијата на овој клуб ќе присуствува и градоначалникот на Општина Штип. Ова е првата спортска активност којашто се реализира во населба Баби, а во којашто се отвора можност да се вклучат децата од оваа и од соседните населби. На промоцијата на спортскиот клуб ќе биде промовирана и донација во вид на струњача од страна на спортистот Могамед Ибрагимов.

Резиме на сработеното во ООУ „Тошо Арсов“ Штип

Денеска директорката на ООУ „Тошо Арсов“ Штип, Фросина Маџарова, пред медиумите ќе го презентира сработеното во училиштето во изминатата учебна година. Сработеното ќе биде презентирано пред училиштето со почеток во 10:00 часот.