Заеднички работен состанок на Регионалните одбори за управување со отпад на Источен и Североисточен плански регион
Денеска, 06.07.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе присуствува на заеднички работен состанок на Регионалните одбори за управуање со отпад на Источен и Североисточен плански регион. На состанокот ќе се дискутира во врска со основањето Меѓурегионалното јавно претпријатие за управување со отпад и идните активности. Состанокот ќе се одржи во Манастирскиот комплекс „Јоаким Осоговски“ – Крива Паланка во со почеток во 15:30 часот.

Настани во рамки на Штипско културно лето
Денеска и утре во Радио кафе Канал 77 со почеток во 20:30 часот ќе се одржи вториот интернационален фестивал на камерни хорови и пејачки групи (Градски хор Штип).

Координирани акции на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“
Утре, 07.07.2018 г., ќе се реализираат координирани акции на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“ во населбата Македонка и кај зградата на старото нервно одделение.
Во населба Македонка ќе се уредуваат јавните површини, ќе се врши санитарна техничка сеча на суви дрвја, ќе се косат зелени површини, ќе се бетонираат улици и ќе се заменуваат улични светилки.
Кај зградата на старото нервно одделение, координираната акција ќе биде во насока на расчистување на тамошната дива депонија.

Конференција „Општини без отпад“
Утре, 07.07.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе присуствува на конференцијата „Општини без отпад“, во организација на граѓанското здружение Зелен Институт од Скопје заедно со ДОМ и Bureau de Helling од Холандија. Конференцијата ќе се одржи во голема сала на Општина Штип со почеток во 11:00 часот.

Поставени десет активни зони за вежбање
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реализацијата на проектот за поставување десет активни зони за вежбање. Градоначалникот Бочварски изврши увид во поставената активна зона за вежбање во урбаната заедница Автокоманда, во близина на пинг-понг салата. Една од приоритетните цели на новата локална самоуправа е создавање услови за стекнување и негување здрави навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.
„Денеска промовираме еден нов проект којшто го реализира Општина Штип, а со цел зголемување на спортските активности на младите. Поставуваме десет активни зони за спортување во Општина Штип преку коишто ќе ги мотивираме повеќе младите да спортуваат, возрасните да се рекреираат, а децата да се забавуваат. Имаме десет локации коишто беа одбрани од Општина Штип на коишто веќе се монтираат вакви справи за активно тренирање и вежбање. Справите ќе бидат достапни за граѓаните 24 часа и ќе бидат поставени во неколку урбани заедници во градот:
– Населба Леваци, до спортското игралиште;
– Населба Широк Дол, во склоп на постојните спортски игралишта;
– Ново Село;
– Стар Караорман;
– Населба Дузлак, во рамки на постојните спортски игралишта;
– Населба Сењак 3;
– Паркот до полицијата;
– Населба Баби, во паркот до ООУ „Славејко Арсов“;
– Населба Осми Ноември, на почетокот од населбата, покрај река Брегалница;
– Три Чешми.
Овие се десетте зони каде се монтираат деновиве, а оваа опрема ќе биде ставена во функција на граѓаните,“ истакна градоначалникот Бочварски.
Активните зони ќе бидат активни 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории кои имаат желба за рекреација и спортување. Конструкцијата е монтажно демонтажна. Истата се сости од шест различни финтес справи поставени на бетонски темели.
Оваа урбана опрема е поставена исклучиво за остварување на јавен интерес утврден со закон. Проектот чини 3.000.000 денари, средства издвоени од буџетот на Општина Штип.
Креираме капитални проекти преку кои во Штип го внесуваме духот на младоста, спортот и рекреацијата. Обезбедуваме услови за здрав живот за сите: младите да спортуваат, децата да се забавуваат, возрасните да се рекреираат. Со овој проект ги спојуваме природата, спортот и рекреацијата на едно место. Инвестираме во создавање подобри услови за спортување и одржување здрави навики на жителите на спомнатите населби.