Договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РМ и Општина Штип
Денеска, 06.06.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе оствари средба со министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, на која ќе потпишат договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на Република Македонија и Општина Штип. Договорот ќе биде потпишан во просториите на кабинетот на градоначалникот Бочварски со почеток во 12:00 часот, а после потпишувањето градоначалникот Бочварски и министерот Адеми ќе дадат изјави за медиумите.

Резиме на сработеното во СОУ „Димитар Мирасчиев“ Штип
Денеска директорот на СОУ „Димитар Мирасчиев“ Штип, Дејан Доневски, пред медиумите ќе го презентира сработеното во училиштето во изминатата учебна година. Сработеното ќе биде презентирано пред училиштето со почеток во 10:00 часот.

Општински натпревар по прва помош
ОО Црвен крст Штип денеска го отвора дваесет и осмиот Општински натпревар по прва помош со почеток во 10:00 часот во паркот К’ртеке.

Асфалтирање делница Шашаварлија – Кошево
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Боочварски, изврши увид на градежните активности поврзани со асфалтирање на локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало, од кој со овој проект се асфалтира делница од 1 километар.
Локалниот пат се асфалтира по сите стандарди за изведба.
Вкупната инвестициона вредност на проектот по најповолната понуда изнесува 5.897.640 денари.

„Со ова завршуваме еден поголем проект за изградба на локален пат од еден километар, којшто води од Шашаварлија кон Кошево, со што продолжуваме да градиме инфраструктура во делот на локални патишта кон последното село Почивало, коешто е на територија на општина Штип. Ова значи дека жителите на овие населени места ќе имаат пристојни услови за живот, ќе донесеме патна инфраструктура до нивните домови. Но, ова е многу важно и за сите жители на општина Штип, коишто кога ќе се изгради инфраструктурата, ќе имаат можност почесто и поредовно да патуваат и да го посетуваат овој убав предел од нашата општина. Вредноста на овој проект е околу 5.900.000 денари и се работи за локален пат од 1 километар. После завршувањето на оваа делница, ќе бараме средства и ќе проектираме продолжување на делницата кон село Кошево и село Почивало. Се насочуваме не само кон централното градско подрачје, каде што гледате дека се градат поголем број градежни зафати, но и на овие рурални места коишто се пооддалечени од централното градско подрачје, со тоа што придонесуваме за рамномерен регионален развој на ниво на територија на општина Штип“, посочи градоначалникот Бочварски.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

– Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Замена на улични светилки
– Обележување хоризонтална патна сигнализација
– Крпење ударни дупки
– Местење ограда на стационар за кучиња скитници (Новакова Чешма)

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности:

  • Реконструкција на фекална канализација на улица „Коле Неделковски“
  • Реконструкција на водоводна линија на улица „Борис Кидрич“
  • Санирање на дефект на водоводна линија на улица „Вардарска“
  • Санирање на три дефекти на водоводна линија во населба Караорман
  • Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населбите Македонка, Балкансака и Чардаклија
  • Канализација – разни локации во градот

 

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:

– Косење покрај Булевар „Партизанска“
– Косење покрај пат до споменици на НОБ на Исар
– Косење покрај пешачка патека околу Исар
– Косење околу времени објекти Автокоманда (печурки)
– Косење паркови површини во населба Дузлак
– Косење околу Градски базен
– Косење дрворед од Сењак 4 кон Баби
– Садење цветен насад на кружен тек Стопанска банка и парк К`ртеке
– Косење трева низ населбата Три Чешми