Известување за прскање против комарци
На ден 05.06.2018 год. (вторник-наутро), Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 02 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип,  подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Третирањето ќе се изведува со препаратот Ауродил Супер ПБ со активна супстанца permethrin, d-allethrin и со препаратот BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)-11-methoxy-3,7,11-Trimethyl ларвицид.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22

 

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

– Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Обележување на хоризонтална сигнализација во градот
– Чистење атмосферска канализација во населба Железничка
– Крпење ударни дупки со асфалт
– Изградба на шахта за атмосферска канализација во населба Автокоманда

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности

– Реконструкција на водоводна линија на ул. „Борис Кидриќ“
– Санирање три дефекти на водоводна линија во населба Железничка
– Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населбите Македонка, Балкансака и Чардаклија
– Реконструкција на фекална канализација на ул. „Коле Неделковиќ“
–   Санирање површини после дефекти на ул. „Светиниколска“

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:

– Косење околу централно градско подрачје (Аргач) и Здравствен дом
– Косење околу улиците „Стојан Рибата“, „Христијан Карпош“,. „Вита Поп Јорданова“
– Косење во корито на река Отиња од црква „Свети Никола“ кон населба Ново Село, парк кај бензинска пумпа во населба Ново Село, пешачка патека позади Исарот
– Косење покрај кружен тек во населба Железничка