Состанок на ЗКК во Брисел
Денеска, 03.05.2018 г., ќе се одржи четтиринаесетиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет во Брисел каде градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со Јасна Габиќ градоначалничка на Требовље се ко-претседавачи на Заедничкиот консултативен комитет.

На овој состанок ќе се зборува за состојба на тековните реформи, придонесот и нивното влијание врз локалните и регионални власти каде излагање ќе имаат: Иво Вајгл (член на Европскиот парламент), Сухејл Фазлиу (Министер за локална самоуправа), Влатко Станковски (в.д Шеф на мисијата на Р. Македонија при ЕУ), Борјанчо Мицевски (градоначалник на општина Крива Паланка), Дејвид Кулен (Шеф на сектор, Генерален директор за соседство и преговори за проширување).

Ќе се дебатира и на тема „Управување со отпад“, каде збор ќе земат: Ката Туто (општински советник од Будимпешта), Кристофер Делатер (координатор на Interafval), Феран Роса (раководител за политики, Нула отпад Европа), Рамиз Мерко (градоначалник на општина Струга).

Положување цвеќе во чест на загинатите кај Ваксинци
Денеска, 03.05.2018 г., делегација на Општина Штип предводена од претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов ќе положи цвеќе кај спомен обележјето во паркот кај К’ртеке во чест на загинатите бранители Влатко Петров и Димитар Двојаковски во воениот конфликт во 2001 година, кај село Ваксинци.

Состанок за изработка на стратегијата за локален економски развој 2018-2023 година
Денеска, 03.05.2018 г., ќе се одржи работен состанок за изработка на стратегијата за локален економски развој 2018-2023 година во големата сала во Општина Штип.
Во 11:00 часот пред големата сала на Општина Штип, изјава за медиуми ќе даде раководителката на секторите ЛЕР, образование и јавни дејности, Билјана Казанџиска.

Активности по повод денот на пожарникарството
Денеска, 03.05.2018 г., учениците од ООУ „Ванчо Прќе“ Штип, со почеток во 10:00 часот ќе ја посетат Територијалната противпожарна единица во Штип по повод денот на пожарникарството, со цел да видат на кој начин и со каква опрема функционира оваа институција.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ Штип ќе работи на:
– Обележување на хоризонтална сигнализација на улиците Вардарска и Борис Кидрич
– Замена на улични светилки во централното градско подрачје

ЈП „Исар“ ќе работи на :
– Санирање на дефект на водоводна линија на улиците: 11 Октомври и Косовска
– Реконструкција на водоводна линија на улица Добре Радосавлев
– Изместување на линија на улица Пробиштипска
– Санирање на површини на улица Панче Караѓозов

РЕ Паркови и зеленило ќе работи на:
– Косење на зелени површини: околу Кампус 4 кон населба Железничка, околу Градски гробишта, улица Борко Талев