Во Свети Николе со пари од Светска банка ќе се градат три улици и еден локалeн пат. Изминатата недела во Министерството за финансии , Проектна единица на МСИП е извршено примопредавање на комплетна техничка документација за изградба на три улици во општина Свети Николе и тоа:

улиците „Рајко Жинзифов“, „Миле Поп Јорданов“ и „Живко Чинго“, како и за локалниот пат Р1204 од клучката кај Кантонче до пред брана Мавровица.

Со оваа техничка документација Свети Николе ги исполни условите за користење на грант средства од Владата во износ од над 700.000 евра кои се доделени на Општината.

Со овој проект започнува нов инвестициски циклус, со во функција на задовлување на основните потребите на жителите на Свети Николе.