На втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум која што синоќа се одржа во домот на АРМ, градоначалникот Коста Јаневски ги прифати сите 45 проекти кои што беа предложени од граѓаните на првата сесија. Пред присутните на сесијата тој детално ги образложи сите проекти и им се заблагодари на граѓаните за добрите предлози потенцирајќи дека во нив има вистински партнери во креирањето на општинскиот буџет за 2018 година.

„Посебно ме радуваат вашите предлози од првата сесија на овој Граѓански форум. Сите детално ги разгледавме заедно со моите соработници, навистина има прекрасни проекти од сите области и навистина ви благодарам за нив. Дел од нив веќе се планирани во програмите на Општината за наредната буџетска година, што посебно ми е драго, бидејќи тоа значи решаваме проблеми и го планираме локалниот развој во иста насока.

Инаку, буџетот за 2018 година на општина Струмица ќе тежи 1.203.576.217 денари, од кои 481.873.139 денари се однесуваат на блок дотации, 40.929.000 денари се однесуваат на самофинансирачки активности на буџетските корисници, 54.762.299 денари се однесуваат на донации, 50.000.000 претставуваат кредити и најзначајниот дел претставуваат средства од основниот буџет во износ од 576.015.279 денари“, појасни градоначалникот.