Влезните улици во секое населено место го кажуваат ликот на градот, па така „Програмата за асфалтирање на сите улици во Штип“ се реализира далеку над планот за оваа година. По асфалтирањето на улиците „Солидарност“ и „Пролетерска“ и неколку други улици во градот, минатата недела, денеска заврши асфалтирањето и на улицата „9 мај“ во Штип.

Сите патници кои доаѓаат кај Автобуската станица во Штип, дали со автобуси, со такси или други возила се упатуваат во центарот на градот претежно преку улицата „ 9 мај“ која беше прилично оштетена и со децении руинирана. Сега, и овој проблем за жителите и полемиот број минувачи е решен на најдобар можен начин.