По двете пријавувања ,  во трите средни општински  училишта во Струмица, од  планираните  (по конкурс) 1282, досега се запишани 775 ученици, па за августовскиот уписен рок, остануваат слободни 507 места.

Во СОУ „Јане Сандански“, од потребните 374, во прва година се запишани 249 ученици, при што остануваат уште 125 слободни места. Во СОУ „Димитар Влахов“, од истиот планиран број на ученици, во јунскиот уписен рок се запишале 230, а за во августовскиот уписен рок  остануваат  уште 144 слободни места.

Во СОУ „Никола Карев“, според конкурсот за упис во прва година, планирани се 534 ученици. Досега во ова училиште се запишале 296 ученици, па за августовскиот уписен рок остануваат уште 238 слободни места.