Карневалските празнувања во Струмица оваа година ќе се одржат од 22 февруари и ќе започнат со детскиот маскенбал, а ќе завршат на први март со традиционалните обичаи по повод празникот Тримери.

Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи на 25 февруари. Организациониот одбор веќе го објави повикот за пријавување за учество на интернационалната карневалска поворка.