Големиот Меѓународен фестивал на изворен фолклор „Тодорица” во Свети Николе кој требаше да се одржи во текот на овој викенд, е откажан, поради препораките на Министерството за здравство за превенција од корона вирусот, соопшти денеска за МИА, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

На фестивалот требаше да присуствуваат 16 фолклорни ансамбли од земјава, од Србија, Црна Гора и од Бугарија.

– На 7 март беше планиран традиционалниот фестивал „Тодорица”, а воедно и панаѓурот. Овие манифестации се откажуваат согласно препораките на Министерството за здравство поради превенција од корона вирусот, вели Велковски.

На манифестацијата беше планирано да присуствуваат околу 400 учесници, кои се членови на фолклорните ансамбли. Инаку, овој фестивал е традиционален во Свети Николе и се одржува веќе над 20 години.