Традиционалниот Турнир во мал фудбал во општина Конче кој се одржува во игралиштето на ООУ Гоце Делчев во с.Конче започнува на 6 ти Септември.

Наградниот фонд е 250.000 ден, за прва  награда 140.000 ден, втора награда 70.000 и трета награда 35.000 денари.

Пријавување на екипи најдоцна до 5-ти Септември на тел.бр 071631140.

Учество на турнирот за сениори е 3000 ден  а за деца е бесплатен.

Инаку во игралиштето во кое што треба да се реализира турнирот при крај е со  реновирањето. Поставена е ограда во висина од  шест метри, поставени се  рефлектори за осветлување како и бекатон плочки околу игралиштето.