Дваесетина претставници од државните институции и граѓански организации од Македонија и Бугарија два дена во општина Карбинци, се обучуваа на тема “Јакнење на капацитетите во областа на превенција и справување со природни катастрофи”.

Обуката се одвиваше во рамките на проектот што со пари од Европската Унија заеднички ја спроведуваат општините Карбинци и Струмјани од Р.Бугарија.
“Учесниците работеа на тема” Превенција од поплави, заштита и спасување и влијанието на водотеците и нерегулираните реки во населени места.

Конкретно во општината Карбинци во завршна фаза е заокружување на проект кој што ќе овозможи регулирање на Козјачка река низ самото течение на населбата Карбинци. Вкупната вредност на проектот е околу 370.000 евра за двете општини Карбинци и Струмјани.Околу 180.000 евра се искористени за општина Карбинци-информираше градоначалникот на о.Карбинци, Јордан Насев.

Проектот е во завршна фаза и сега се сумираат завршните резултати. Во општина Карбинци,проектот е реализиран 95% т.е се изградија 256 метра заштитни ѕидови на Козјачка река. Во општина Струмјани реализирани се 70 % од проектот или околу 340 метра заштитни ѕидови на реката Шашка и се очекува тука проектните активности да завршат комплетно до јули оваа година.

Градоначалникот на Карбинци Јордан Насев, најави дека двете општини повторно ќе конкурираат заеднички за да го завршат канализирањето на реките, бидејќи со овој проект се опфатени само дел од речните корита на двете реки