Во виничка Истибања 34. издание на реномираниот меѓународен фестивал „Истибањско здраво-живо“

По 34. пат млади фолклористи од целиот свет се дел од реномираниот фолклорен фестивал „Истибањско здраво-живо“, кој почнува на 13, а завршува на 18 септември. Годинава учествуваат фолклористи од десет земји од три континенти – САД, Израел, Турција, Србија, Албанија, Косово, Словенија, Словачка, Бугарија, Украина, како и десетина ансамбли од Македонија.

Официјалното отворање на Фестивалот, кој се одржува со поддршка на виничката локална самоуправа, е в сабота попладне со заедничко оро на сите учесници, фолклорно дефиле по улиците на Истибања и настапи на учесниците. Богата програма ќе има во сите фестивалски денови, учесниците ќе имаат и свои национални вечери, во вторник Фестивалот гостува во Македонска Каменица, а в среда во Виница од 18 часот ќе има фолклрно дефиле низ градот и гала-коцерт.