Од 15 до 30 јанури е отворен конкурсот за стипендирање на социјално загрозени студенти што го распишаа виничката локална самоуправа и здружението „Свет крст“. Стипендирањето е предвидено за периододот од октомври до јуни од тековната студиска година за студенти на државните универзитети во Македонија.

Висината на стипендиите ќе биде утврдена во зависност од пристигнатите донации што се обезбедуваат од локалните компании. Вакви стипендии првпат почнаа да се доделуваат пред десетина години, а по неколкугодишен прекин, традицијата продолжи лани, кога беа стипендирани 21 студент со по 2.200 денари месечно.

Заинтересираните кандидати за стипендирање потребнта документација треба да ја достават во виничката локална самоуправа најдоцна до 30 јануари.