Почитувани,

Согласно Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, за време на Велигденските празници на сите угостителски објекти им се продолжува работното време за два часа во деновите:

  • 06.04.2018 година (петок) до 02,00 часот;
  • 07.04.2018 година (сабота) до 03,00 часот;
  • 08.04.2018 година (недела) до 03,00 часот.

На угостителските објекти кои се наоѓаат во колективни станбени згради, работното време им се продолжува за само еден час.