Општина Радовиш издвои средства за изработка на проектна документација за изградба на гасоводна мрежа во должина од седум километри. Договорот со најповолниот понудувач е потпишан минатата недела, со што е создадена можност за комплетирање на идејниот и основниот проект во текот на летниот период годинава.

Фирмата „Филбис“ од Скопје има рок од шест месеци за да ги изготви идејниот и основниот проект, со вклучена ревизија, за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Радовиш

Радовиш е еден од македонските градови што не се вклучени во првата фаза од изградбата на магистралните гасоводи, која што ги вклучува трите проекти: Скопје – Тетово – Гостивар, Штип – Неготино и Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола. Радовиш треба да се поврзе со магистралниот крак во следната фаза, со која во 2021 година може да се поврзе на магистралниот гасовод.