Невреме го остави Светиниколскиот регион без струја (видео)

82

Силен дожд следен со ветар, вчера попладне го зафати светиниколскиот регион.

Два часа без струја останаа неколку села, откако дрво падна брз далноводот. Без струја на кратко остана и градот Свети Николе. Паднато дрво го прекина сообраќајот на патот Свети Николе – Овче Поле, но за кратко време беше нормализиран. За 20 минути колку што врнеше, хидрометереолозите регистрирале 46 литри дожд. Надојдената вода поплави улици, куќи и подрумски простории, по што интервенираа службите со испумпување на водата. Силниот ветер го однел покривот на куќа каде живее 12- члено семејство во селото Кадрифаково. Општината понудила времено сместување на семејството, кое сепак одлучило да остане во куќата. Во друга куќа во Свети Николе, во населбата „Бел Камен“ удрил гром, но за среќа, нема повредени. Настрадале електричните апарати. Спасувачки екипи излетоа на терен, по што се санирани дел од штетите и воспостабено е редовно снабдување со електеична енергија.