Со заедничка патрола на полицијата и родителите, која изврши обиколка на неколку ноќни клубови и места каде излегуваат младите, синоќа Секторот за превенција при СВР Куманово го заокружи одбележувањето на Денот на превентивното работење на полицијата.

Отсекот за превенција е формиран на 9 декември 2008 година, на Денот на превентивното работење на полицијата, кога првите инспектори на МВР ги добиле сертификатите за работа од оваа област.

Во текот на неделата беа одржани повеќе културни и спортски манифестациии, а одбележувањето заврши со прием во просториите на полицијата. На присутните им се обрати началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ.