Афалтирање на улицата „Иво Лола Рибар“
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска ќе изврши увид во асфалтирањето на улицата „Иво Лола Рибар“, при што ќе даде изјава за медиумите со почеток во 11:30 часот.

 

 

Започнување на средби со граѓаните „Замисли иднина заедно“
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, вчера присуствуваше на започнување на средби со граѓаните „Замисли иднина заедно“, во организација на Делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Се одржа дискусија за поддршката што ја овозможува Европската Унија, евроамбасадорот Самуел Жбогар зборуваше за ЕУ во Општините, а обраќања имаа и премиерот Зоран Заев и генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската Комисија, Кристијан Даниелсон.

Откривање спомен плоча во чест на првата опера во Штип
Вчера во Дом на млади беше откриена спомен плоча во чест на првата опера во Штип и Македонија. Настапуваа учениците Марија Ѓорѓиевска, Сања Димова, Сара Јанева од класата на проф. Катерина Станчева Јованова и м-р проф. Виолета Арсовска. Пијано придружба м-р проф. Трајче Роглев. Програма: Бах, Прокопиев, Ардити, Пучини, Бизе, Моцарт.

 

Дневни активности на јавни претпријатија
ЈП „Стипион“ денеска ќе ги изведува следните активности:

  • Бетонирање крак на улица „Кирил Пејчиновиќ“
  • Бетонирање крак на „Радански Пат“
  • Замена на улични светилки во градот

ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:

РЕ Водовод и канализација:

  • Санирање дефект на водоводна линија на улиците „Славонска Пожега“, „Четврти Јули“, „Брегалничка“, како и во населбата Пребег
  • Изведба на нова канализациона линија во населбите Суитлак и Стар Караорман
  • Санирање површини – нивелирање шахти на улица „Сане Георгиев“, како и кај градинката во населба Ново Село
  • Канализација – разни локации во градот
  • РЕ Паркови и зеленило
  • Kосење трева покрај пешачка патека
  • Косење на трева на Стадион Кежовица и Баби
  • Косење трева покрај улица „Партизанска“
  • Косење паркови површини во парк во населбите Баби и Дузлак
  • Наводнување дрвореди