Водоснабдување на населенoто место Балканска
Денеска, 16.04.2018 г., започнува реализација на проектот Водоснабдување на населеното место Балканска, а согласно Програмата за работа на ЈП „Исар“ Штип.
Градоначалникот Благој Бочварски ќе изврши увид во почетокот на работата во 12:00 ч., кај Препумпна станица Баби каде ќе даде изјава за медиуми.

Средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец. Средбата ќе се оствари во просториите на кабинетот на градоначалникот со почеток во 13:00 ч.

Акција „Пролетно чистење и уредување“ во населбите Македонка, Балканска и с. Чардаклија
Денеска, 16.04.2018 г., продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“ во населбите Македонка, Балканска и село Чардаклија.

 

Изјава за медиуми за реконструкција на плато кај Пензионерски дом
Во петок, 13.04.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски даде изјава за медиуми во врска со градежните активности кај платото кај Пензионерскиот дом.

Акцијата „Пролетно чистење и уредување“ во УЗ Дузлак
Во петок, 13.04.2018 г., се одржа акцијата „Пролетно чистење и уредување“ на ЈП „Исар“, ЈП „Стипион“, ТППЕ Штип и граѓаните од урбаните заедници, во населбата Дузлак. Се чистеше сметот во населбата, се засадуваа дрвца, се заменуваа нефункционалните улични светилки, се обележуваше патна сигнализација.

 

Петта седница на Комисија за спорт
Денеска во Сала 2 во Општина Штип со почеток во 10:00 ч. ќе се одржи петта седница на Комисија за спорт.

Полагање за такси возачи
Денеска, 16.04.2018 г., ќе се одржи полагање за такси возачи со почеток во 14:00 часот во големата сала во Општина Штип.

Дневни активности на јавни претпријатија
ЈП „Исар“ ќе работи на санирање на дефекти на улиците Браќа Миладиновци и Гоце Делчев, во кругот на конфекцијата Вабо, во централното градско подрачје позади Пензионерски дом, ќе се реконструира водоводна линија на улица 19та Бригада, ќе се изведува нова канализациона линија во населба Балканска (ќе се работи втора смена) и кај Препумпна станица Баби ќе има изведба на водоводни елементи во приклучна шахта за водоводна шахта за водоводна линија за населба Балканска.

РЕ Паркови и зеленило ќе ги коси зелените површини во коритото на река Отиња, околу населба Македонка и пешачка патека до Балканска, покрај улица Трст и улица Радански пат, кај улица Партизанска (отспротива ЕВН) и покрај улица Борис Крајгер.

ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на обележување на хоризонтална сигнализација и замена на улични светилки во с. Чардаклија, нас. Балканска и Македонка. Ќе се санираат прекпопи во населба Македонка и ќе се чисти дива депонија во с. Чардаклија.