Резиме на сработеното во ООУ „Славејко Арсов“ Штип
Денеска директорот на ООУ „Гоце Делчев“ Штип, Трајче Димов, пред медиумите ќе го презентира сработеното во училиштето во изминатата учебна година. Сработеното ќе биде презентирано пред училиштето со почеток во 10:00 часот.

 

Увид во градежни активности кај паркинг платформа
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во градежните активности кај паркинг платформата во централното градско подрачје. Со изградба на оваа платформа се обезбедуваат 50 нови паркинг места во центарот на градот. Вредноста на овој проект изнесува 7.827.733 денари со вклучено ДДВ.

„Денеска се наоѓаме во централното градско подрачје кадешто веќе неколку дена и недели во тек е изградба на новата платформа со паркинг простори во централното градско подрачје. Тоа е една од мерките којашто ја превземаме за растеретување на сообраќајниот хаос во центарот на градот. Сведоци сме дека во изминатиот период, а и денеска се поголем проблем е паркирањето во општина Штип и ние како Општина не смееме да останеме неми и да гледаме како овој проблем станува се поголем. Заради тоа превземавме чекор за најбрзото можно решение со изградба на 50 паркинг места овде во централното градско подрачје, кадешто е најпотребно“, изјави градоначалникот Бочварски.

Општина Штип прави темелни испитувања и дебата за изградба на уште една паркинг платформа кај СРЦ „Џексон“ којашто дополнително ќе го олесни паркирањето на автомобили за граѓаните на општина Штип.

 

Дневни активности на јавни претпријатија

Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Замена на улични светилки
– Обележување хоризонтална патна сигнализација
– Реконструкцијана шахта на атмосферска канализација на Булевар „ЈНА“

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности:

  • Санирање дефект на водоводна линија на улиците „Серска“, „Зрново“, „Првомајска“, „Кирил Пејчиновиќ“ и „Борис Кидрич“
  • Санирање површини на улица „Кирил Пејчиновиќ“ и во населба Железничка
  • Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населбите Македонка, Балкансака и Чардаклија
  • Поставување канализациона линија во населба Суитлак
  • Канализација – разни локации во градот
  • РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
  • Косење трева од Ректорат на УГД кон „Јаворот“ и околу пешачка патека во Ново Село
  • Косење трева околу ООУ „Тошо Арсов“
  • Косење трева околу село Чардаклија
  • Косење трева во паркови површини во централно градско подрачје
  • Косење трева во стадион во населба Три Чешми- Садење цветен насад во парк К`ртеке.