Резиме на сработеното во ООУ „Славејко Арсов“ Штип

Денеска директорот на ООУ „Славејко Арсов“ Штип, Павле Мицов, пред медиумите ќе го презентира сработеното во училиштето во изминатата учебна година. Сработеното ќе биде презентирано пред училиштето со почеток во 10:00 часот.

 

Дневни активности на јавни претпријатија

Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Обележување на хоризонтална сигнализација во градот
– Замена на улични светилки
– Крпење ударни дупки со асфалт

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности

  • Реконструкција на водоводна линија на ул. „Борис Кидрич“
  • Санирање дефекти на водоводна линија во населба Железничка
  • Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населените места Балканска, Македонка и Чардаклија
  • Санирање после реконструкција на фекална канализација на ул. „Коле Неделковиќ“

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:

– Косење зеленило околу пешачка патека од населба Балканска кон населба Осми Ноември
– Косење зеленило во паркови површини во населбите Дузлак и Баби
– Косење зеленило во парк К`ртеке и парк Деснаци
– Садење цветен насад во парк К`ртеке
– Чистење и изнесување смет од коритото на река Отиња