Трибина во организација на Совет на млади и ОО Црвен крст Штип
По повод Меѓународниот ден на Црвен крст, ОО Црвен крст Штип во соработка со Совет на млади на Општина Штип организира трибина на тема „Поттикнување на волонтеризмот кај младите во нашата локална заедница“ која ќе се одржи денеска во сала 1 на Општина Штип со почеток во 19:00 ч.

Конгрес на студенти по медицина на УГД
Денес и утре во Штип ќе се одржи Конгрес на студенти по општа медицина на УГД. Во рамки на Конгресот на повеќе локации во Штип ќе бидат поставени пунктови за контролни здравствени прегледи. Пунктовите ќе бидат на следниве локации: плоштад „Слобода“, супермаркет „Туш“, градски пазар, трговски центар, пред стоковна куќа На-Ма и во Општина Штип.

Активности по повод денот на пожарникарството
Денеска учениците од ООУ „Гоце Делчев“ ќе ја посетат Територијалната противпожарна единица во Штип по повод денот на пожарникарството. Пред учениците ќе биде претставена професионалната противпожарна единица со нејзината целокупна опрема. Сите овие активности се со цел да се влијае врз издигнувањето на свеста од потребата за заедничка грижа и заштита од пожари.

 

Работен состанок на Romacted
Вчера се одржа работен состанок на програмата Romacted „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво; во сала 2 во Општина Штип. На работниот состанок се разговараше за програмата на Romacted која ќе се имплементира во период од три години, а има за цел да го подобри животот на Ромите во заедницата.

 

Дневни активности на јавни претпријатија

Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад ( Пензионерски дом)
– Чистење на атмосферска канализација на Бул. „Гоце Делчев“
– Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“
– Обележување хоризонтална сигнализација во центар
– Замена на улични светилки во центар

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе работи на:
– Санирање на дефект на водоводна линија на улица „Охридска“
– Санирање дефект на водоводна линија на Штипско езеро
– Приклучок на водоводна линија на ул. „Борис Крајгер“
– Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населбите Балканска, Македонка и Чардаклија.
– Санирање површини после дефекти на улица „Коле Неделков“ и улица „АСНОМ“

РЕ Паркови и зеленило ќе ги коси зелените површини околу градски гробишта, покрај ул. „Сремски Фронт“, кон населбата Железничка, во паркот К’р Теке, покрај коритото на река Отиња и покрај улиците „Вардарска“ и „Пиринска“