Во општина Конче одбележан „Денот на наставата на турски јазик“

Со пригодна свеченост и културно –уметничка програма, неделава во општина Конче беше одбележан ,,Денот на наставата на турски јазик“.Ја организираа Локалната самоуправа и Здруженијата на граѓани ,,Зија Гокалп“ и ,,Караџаоглан’

Конче е општина во која има околу 700 жители од турска националност и во која децата учат на турски јазик до пето одделение.Во моментов во училиштата  учат 79 ученика од турска националност ,од нив 43 ученика ја следат наставата на турски јазик од прво до пето одделение.

На одбележувањето на ,,Денот на наставата на турски јазик“ученици од училиштата од ова општина кои следат настава на турски и македонски јазик имаа културно уметничка програма преку која го презентираа соживотот  и негувањето на традиционалните културни вредности од своите заедници

Градоначалникот на општината Благој Илиев обраќајки им се на присутните на свеченоста рече дека  овој ден го посветува  на наставниците по турски јазик како личности кои  ги воспитуват и  образуваат младите во вистински личности за промоција на сопствената општина

,,Ми претставува особена чест,гордост и задоволство што од толку мала општина имаме толку голем број на образовани граѓани кои придонесувале и ќе придонесуваат за иднината на нашата општина, младите и на сите нас. Мислам дека денес особено значење треба да им дадеме на нашите наставници кои се најзаслужните што нашите деца и млади добиваат добра основа на која може да се надоградат и да израснат во личности корисни за цело општество,, истакна градоначалникот на Конче Благој Илиев.

Манифестацијата ,,Ден на наставата на турски јазик “како државен празник на Турците во Македонија  во општина Конче се одржува по втор пат.На манифестацијата присуствуваа и Ректорот на Интернационалниот Балкански Универзитет д-р Мехмет Дурсун Ердем и претставникот на Туркуваз Медија од Турција,Фуркан Хајкир.